Психометрија Клучни Концепти и Принципи

← Назад кон книгите
Психометрија Клучни Концепти и Принципи

Психометрија Клучни Концепти и Принципи

од Слаѓана Анѓелкоска

Издадена:
септември 25, 2025
Цена:
850.00 МКД

Оваа книга има цел да ги приближи клучните концепти и принципи на психометријата на студентите, истражувачите и практичарите во областа на психологијата и сродните дисциплини. Материјалот е структуриран така што прво се поставуваат темелните теоретски поими, по што следат методите за конструирање, стандардизација и евалуација на тестови. Преку јасни објаснувања и примери, читателот ќе стекне увид не само во теоријата, туку и во практичната примена на психометриските принципи. Книгата е наменета да послужи како сигурен водич за оние кои започнуваат со изучување на оваа област, но и како референтен материјал за искусните професионалци кои сакаат да го продлабочат своето знаење. Верувам дека преку ова издание ќе се поттикне поголема прецизност и професионализам во психолошката проценка, придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на истражувањата и практичната работа.