Изразување на детските стравови и потреби низ проективни техники
Проективните техники се научно докажани техники кои се применуваат во психотерапевската пракса во работа со деца. Со правилна примена на проективните и техниките допираме во внатрешниот свет на децата, до нивните стравови, конфликти, желби, емоции. Со нивна помош доаѓаме до нивната слика за себе и за светот, односот со другарчињата како и нивните конфликти. Низ работилницата ќе се опфатат следниве теми: Што се и за што се користат проективните техники; Цртежи и слики во улога на откривање на детските стравови, потреби и желби Фази во развојот на детскиот цртеж Како да комуницирате со детето пред, во текот на проективните техники, Анализа на детскиот цртеж, Значењето на боите во детскиот цртеж. Информации на тел. 078 263 078 или e-mail- primeneta.psihologija@gmail.com as.anima2009@gmail.com
Препознавање и справување со деца кои што имаат дефицит во вниманието/хиперактивни деца во предучилишна возраст
Општа цел на работилницата е унапредување на социјалните вештини на детето со дефицит на вниманието и хиперактивно и импулсивно однесување.Посебна цел е подобрување на самодовербата,подобра интеграција и социјализација на оваа група на деца.Како и развој на концентрацијата и подобрување на емоционалната контрола и самоконтролата. Крајната цел на работилницата е едуцирање на стручните кадри кои секојдневно работат со децата од предшколската возраст кај кои може да се забележи дефоцит во вниманието со хиперактивно и импулсивно однесување како да ги препознаат и адекватно да реагираат на однесувањето на децата и нивните потреби, да ја прилагодат околината на потребите на детето, како и зајакнување на стручните лица за примена на соодветни методи и активности за работа со деца кои што имаат дефицит во вниманието и хиперактивно и импулсивно однесување. По завршување на работилницата секој учесник добива сертификат за учество на работилницата со впишан број на часови. Повеќе информации: as.anima2009@gmail.com primeneta.psihologija@gmail.com