← Назад кон предавањата
Изразување на детските стравови и потреби низ проективни техники
Проективните техники се научно докажани техники кои се применуваат во психотерапевската пракса во работа со деца. Со правилна примена на проективните и техниките допираме во внатрешниот свет на децата, до нивните стравови, конфликти, желби, емоции. Со нивна помош доаѓаме до нивната слика за себе и за светот, односот со другарчињата како и нивните конфликти. Низ работилницата ќе се опфатат следниве теми:
- Што се и за што се користат проективните техники;
- Цртежи и слики во улога на откривање на детските стравови, потреби и желби
- Фази во развојот на детскиот цртеж
- Како да комуницирате со детето пред, во текот на проективните техники,
- Анализа на детскиот цртеж,
- Значењето на боите во детскиот цртеж. Информации на тел. 078 263 078 или e-mail- primeneta.psihologija@gmail.com as.anima2009@gmail.com