Препознавање и справување со деца кои што имаат дефицит во вниманието/хиперактивни деца во предучилишна возраст

← Назад кон предавањата

Препознавање и справување со деца кои што имаат дефицит во вниманието/хиперактивни деца во предучилишна возраст

Општа цел на работилницата е унапредување на социјалните вештини на детето со дефицит на вниманието и хиперактивно и импулсивно однесување.Посебна цел е подобрување на самодовербата,подобра интеграција и социјализација на оваа група на деца.Како и развој на концентрацијата и подобрување на емоционалната контрола и самоконтролата. Крајната цел на работилницата е едуцирање на стручните кадри кои секојдневно работат со децата од предшколската возраст кај кои може да се забележи дефоцит во вниманието со хиперактивно и импулсивно однесување како да ги препознаат и адекватно да реагираат на однесувањето на децата и нивните потреби, да ја прилагодат околината на потребите на детето, како и зајакнување на стручните лица за примена на соодветни методи и активности за работа со деца кои што имаат дефицит во вниманието и хиперактивно и импулсивно однесување. По завршување на работилницата секој учесник добива сертификат за учество на работилницата со впишан број на часови. Повеќе информации: as.anima2009@gmail.com primeneta.psihologija@gmail.com