Фокусирано внимание – Управување со стрес со примена на релаксациони техники

← Назад кон книгите
Фокусирано внимание – Управување со стрес со примена на релаксациони техники

Фокусирано внимание – Управување со стрес со примена на релаксациони техники

од Слаѓана Анѓелкоска

Издадена:
јануари 9, 2021
Цена:
950.00 МКД

Постојат големи и мали стресови, оние од кои што имаме штета, но и оние од кои имаме корист. Штетни или не, по начинот на кој ги доживуваме стресовите се природна појава. Стресот преставува систем на акција и реакција, стимулација и одговор. Стресот е составен дел од животот на човекот и е поврзан со животните промени кои се јавуваат во животот на поединецот. Некои промени ги донесува самото време, односно растот и развојот на поединецот, а други промени потекнуваат од притисоците кои ги предизвикува околината. Денес многу се зборува за стрес, секој е под стрес поради нешто и тој е поврзан со нашите чувства. Но, тоа е и изговор за непревземање на одговорност за нашите чувства. Стресот е збир на емоционални, телесни и бихејвиорални реакции до кои доаѓаме кога особата ќе процени една ситуација за опасна или загрозувачка. Стресот е интеракција на поединецот со околината.Нашите реакции на стрес се јавуваат кога пред нас се јавува ситуација на која неможеме да одговориме.