ТЕСТ НА ПОВРЗУВАЊЕ НА ТОЧКИ – ТПТ-МК (Адаптирана Македонска верзија на тестот ТМТ )
од Слаѓана Анѓелкоска
- Издадена:
- јануари 5, 2024
- Цена:
- 9,000.00 МКД
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТЕСТОТ Вид на тестот: Тест на Поврзување на Точки (ТПТмк) Категорија: Ц (С во латинично писмо) Главна примена: Проценка на Одределени Когнитивни домени (вниманието, концентрација, помнење, работна меморија, фокус, брзина на реакција, визуопросторна ориентација, развој на фина моторика, егзекутивни функции). Вид на мерка: Објективен тест Таргет популација на македонската верзија: Деца на возраст од 8 до 15 години Начин на задавање на тестот: Индивидуално контролирано задавање во присуство на психолог и квалификуван администратор. Задавање во хартиена форма (хартија - молив): контролирано задавање од страна на квалификувано професионално лице за задавање психолошки тестови. Тестот може да го задава психолог кој што претходно има поминато обука за негово задавање и проценка и интерпретација. Приказ на резултати за корисникот: Графички приказ во форма на профил (графикон) кој ќе се добива преку компјутерска трансформација на сировите скорови во Т скорови. Влез за компјутерска обработка ќе биде одобрен само со корисничко име и лозинка. Податоците се трансформираат на Т-скала. Наративен приказ на резултатите: краток приказ, лесно разбирлив и прилагоден на корисниците. Автори на адаптацијата на тестот на македонски јазик: Проф. Д-р Слаѓана Анѓелкоска